Наскоро авиолинија Канада - САД - Македонија

Македонската дијаспора наскоро ќе има можност да се поврзе со татковината со интерконтинентална авиоврска на релацијата Канада – САД – Македонија, и обратно, објавува Нова Македонија.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство за Нова Македонија потврдуваат дека од почетокот на годинава се работи на воспоставување на ваква редовна авиолинија и се очекува таа биде реализирано во текот на летото. Македонските воздухопловни власти контактираат и разговараат со нивните колеги од САД и Канада, подготвувајќи ги правните рамки за овој проект. Според информациите од Агенцијата за цивилно воздухопловство, македонските инфраструктурни (аеродромски) капацитети се промовираат пред потенцијални нискотарифни и други авиокомпании од САД и Канада. 

- Моментно работиме и на потпишување спогодба со Канада, при што концептот што сакаме да го реализираме и на кој работиме е овие земји да се поврзат директно со Република Македонија. Притоа, во оптек се неколку комбинации, како што е, на пример, линијата Канада-САД- Македонија, и обратно, за која, со оглед дека капацитетот и потенцијалот на пазарот за една линија што би била цела година со ист интензитет не постои, се работи барем да бидат покриени оние пикови во летниот и во зимскиот период, кога нашата дијаспора, за која ова е наједноставно и најекономично авиоповрзување, има потреба да дојде во татковината, вели директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Дејан Мојсовски за Нова Македонија.

Извор: Нова Македонија

најчитано сега