Ристовски: Младите треба да имаат желба и мотив за да се вработат

Младите треба пред се да имаат желба и да се самоиницијативни за вработување, изјави денекса министерот Спиро Ристовски по панел дискусијата „Десет начини да се намали младинската невработеност“.

-Првиот Акциски план за вработување на младите во Македонија, треба да ја подобри ефикасноста на институциите на пазарот на трудот, да ги подобри можностите за вработување на младите, да ја поттикне вработеноста на младите преку развој на приватниот сектор, како и да обезбеди инклузија на младите на пазарот на трудот. Имплементацијата на овој Акциски план е во тек и засега ги дава очекуваните резултати, рече Ристовски.

Инаку, денеска се објавува вториот јавен оглас за Програмата за самовработување со која ќе бидат опфатени 400 евидентирани невработени лица кој имаат желба да започнат сопствен бизнис за што се издвоени 1,32 милиони евра.  

ФОТО: МИА

најчитано сега