Нормализиран сообраќајот на патот Струмица-Валандово

Сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Валандово, кој беше во прекин поради сообраќајна несреќа е нормализиран, информира Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Од АМСМ потсетуваат дека од денеска почнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

15.11.2021 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега