Нови двајца починати од Ковид во Тетово - сите 116 хоспитализирани се на кислородна поддршка
Изминатите 24 часа во тетовската болница две лица на 56 и 86 години починале од КОВИД, а сите болни кои се хоспитализирани се на кислородна поддршка.
-Имаме вкупно 116 хоспитализирани луѓе и сите на се кислородна поддршка. Речиси сите се невакцинирани, односно само шестмина примиле само по една доза. Јас би ги замолила сите да се вакцинираат, ова е единствен начин да се заштитиме од оваа пандемија. Сите овие изминаите денови имаме смртни случаи, информира Миранда Пајазити од КОВИД-центарот.
Во последните 24 часа имало 99 прегледи и контроли во амбулантата на КОВИД-центарот во Тетово. Во саботата и во неделата во седум часот наутро при 24-часовниот пресек на состојбите, евидентирани се по пет починати или 12 вкупно за овој викенд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа