Нови најави на метеоролозите - во петок промена на времето во Македонија

И понатаму продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со умерена локална, повремено и позначителна облачност. По одделни котлини и понатаму ќе има појава на магла и на ниска облачноста, особено во ноќните и во претпладневните часови, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во петок попладне и навечер, особено во западните и во јужните предели ќе има услови за слаби врнежи од дожд.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во Скопје и околината, особено во ноќните и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, максималната дневна температура овие денови во Скопје ќе се искачува до околу 13 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега