Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови Ковид-19 правила за патници кои влегуваат во нивните земји. 

За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Северна Македонија, заради туристички или било каков друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени две дози од вакцина (Повеќе информации за видот на вакцината и условите за влез, може да се пронајде на следниот линк: https://travelcheck.admin.ch/check). Условот за поседување на негативен тест (PCR или Antigen), повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица.

Доколку лицето ги исполнува условите за влез во Швајцарија, потребно е до 12 часа пред влезот во Швајцарија, да го пополни формуларот кој се наоѓа на веб страна на Федералната канцеларија за јавно здравје на Швајцарија, или поточно на следниот линк: https://swissplf.admin.ch/formula 

Белгиската Влада воведува карантин за невакцинираните патници кои во Белгија ќе влегуваат од црвените зони меѓу кои е и Северна Македонија.Поради зголемениот број на нови пациенти во болниците во регионот на главниот град и пошироко во Белгија, веќе од утре (петок, 17 септември) ќе се воведат построги правила на карантин за патниците кои пристигнуваат од црвената зона. Оние кои не се целосно вакцинирани (две дози во соодветен временски интервал) или немаат сертификат за прележана болест, по пристигнувањето во Белгија од црвената зона, мора да поминат 10дневен период на карантин. Карантинот може да се скрати ако резултатот од дополнителниот тестот на седмиот ден е негативен.

За влез во Австрија потребен е еден од следните докази: доказ за вакцинација или доказ за прележан коронавирус, што преставува единствен начин да се избегне карантин од 10 дена, кој може да биде прекинат по 5 дена со нов негативен резултат на ПЦР тест.

Малолетниците до дванаесет години, исто така, мора да се изолираат и да се регистрираат при пристигнувањето, освен ако возрасниот што патува со нив не е ослободен од самоизолација; децата над 12 години мора да поседуваат доказ за вакцинација или доказ за прележанаKОВИД-19. За примена вакцина со единечна доза, мора да покажете дека сте ја примиле вакцината пред повеќе од 21 дена, но не повеќе од 360 дена, пред пристигнувањето.

Maкфакс

16.09.2021 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега