Обвинителството влезе во МВР, одземени документи поврзани со „Беса транс“

Кривична пријава од група граѓани доставена до Обвинитеството е причината поради која е отворена предистрага во која треба да се утврди како и зошто станицата за технички преглед „Виа Комерц“, каде што поминал на контрола автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре во Бугарија, не била затворена навремено иако пропусти во работењето биле утврдени и нотирани во записник неколку месеци претходно, пренесува Телма ТВ.

Предистрагата е отворена вчера и одземена е документација од неколку сектори во МВР кои го изврпшиле надзорот во станицата за технички преглед и го изготвиле решението за забрана.


 

Денеска тимови од обвинителството влегле и во пререгистрираната станица за технички преглед и од таму исто така се одзема целокупната документација поврзана со работењето и извршените контроли.

Повеќе можете да прочитате тука.

05.05.2022 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега