Од денеска нема ниту закажување на свадби, ниту вадење документи: Протестираат вработените во Управата за матични книги

Незадоволни од неусогласувањето на платите со минималната, се и вработените во Управата за матични книги, кои токму поради оваа и две други работи денеска започнаа со протест.

Ова значи дека, од денеска граѓаните нема да може да вадат извод од родени, да се запишуваат починати лица, да се издаваат реченија за слободна брачна состојба и венчаници. Исто така, нема да биде во фунцкија и електронската нарачка на документите.

Исто така, покрај тоа што бараат линеарно покачување на платата, вработените во Управата за водење матични книги бараат да се донесе колективен доковор за вработените во УВМК и да се зголемат платите за 30 проценти. Велат дека се спремни за договори.

Околу 500 вработени бараат да им бидат признаени звањата и да работат на позиции соодветни на искуството и образованието, а не како што е сега, сите независно од звањето да работат иста работа.

27.04.2022 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега