Огнената група од ДУИ распали по Груби и Османи: Тие се најслаби во цела Влада
Нашите забелешки не беа разгледани во партијата и затоа му се обраќаме директно на членството преку медиумите“, истакна денеска на прес-конференција Изет Меџити, предводник на т.н. огнена група во ДУИ, која го изрази незадоволството од работењето на своите министри во Владата.
„Од Владата бараме одговорност за неефикасното работење. Артан Груби и Бујар Османи ги имаат најслабите резултати во Владата и првпат рејтингот на албанската позиција го надмина рејтингот на ДУИ“, рече Меџити.
Во огнената група во Демократската унија за интеграција се пратеникот Изет Меџити, градоначалниците на општините Сарај и Чаир, Блерим Беџети и Висар Ганиу, како и ексфункционерот Муса Џафери.
Во новото претседателство што го предложи Ахмети беа избрани и членовите на ова група, кои неодамна изразија незадоволство од работата на Владата, особено од вицепремиерот Груби.
Од оваа група за потпретседател на ДУИ беше избран Изет Меџити, а Блерим Беџети беше избран за организациски секретар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа