Општина Прилеп: Опожарен е автомобил на раководителот на Секторот за урбанизам

Минатата ноќ беше опожарен уште еден автомобил во Општина Прилеп, по што реагираа со соопштение и од самата општина и открија дека било запалено возилото на раководителот на Секторот за урбанизам.

Општина Прилеп вели дека побарале реакција од Министерството за внатрешни работи (МВР) и ОВР ПРилеп.

Но се чини дека после сите апели од градоначалникот и советниците, централната власт и надлежните институции остануваат глуви и ги оставаат граѓаните на Прилеп секоја ноќ да стравуваат за својата безбедност и безбедноста на својот имот“, велат од општината.

Општина Прилеп го осудува чинот на насилство, кој последователно се случува во Прилеп и го нарушува јавниот ред и мир во градот.

21.07.2022 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега