Општина Тетово: МОН не наоѓа официјален начин за комуникација, иако сме најголема албанска општина во РСМ

„МОН не наоѓа официјален начин за комуникација, иако сме најголема албанска општина во РСМ“, ова го велат од Општина Тетово, во писмен допис до медиумите откако МОН ја зема надлежноста од Касами за именување на директор во гимназијата.

„Општина Тетово реагира на последната одлука на Министерството за образование, каде што начинот на објавување на оваа одлука, кој општина Тетово го доби преку новинарите, ја покажува сериозноста и тежината на оваа корумпирана власт, поточно Министерството за образование и наука, која не наоѓа официјален начин за комуникација иако оваа општина е најголемата албанска општина во РСМ“, стои во реакцијата на Општина Тетово.

„Најпрво сакаме да ве информирам дека одлуката за разрешување на поранешната директорка на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ„ е донесена врз основа на предлог на средношколскиот совет каде што законот за средно образование ме обврзува да постапам по предлог од училишниот совет во рок од 15 дена, кои врз основа на општинскиот ревизорски извештај од кој  се констатирани низа прекршоци и финансиски злоупотреби со кои беше оштетен буџетот на училиштето.

Оваа одлука не може да се пресмета поинаку освен продолжување на одмазднички политики чин кон граѓаните на Тетово, само затоа што оваа општина не е управувана од актуелна централна власт. За уште поголема иронија, сведоци сме каде пред само неколку дена, имавме можност да ги погледнеме видео снимките како брат на градоначалник, влегува и бесрамно ја краде документацијата од училишното досие да се сокријат направените злоупотреби, а МОН немаше никаква реакција во врска со ова, туку ги бранеше злоупотребите и криминалот“, се дополнува во реакцијата на општината.

Оттаму го прашуваат министерот, како што велат, дали бил свесен за овие постапки или само му ги испраќале писмата да потпише и да ги прифати наредби од неговиот шеф А.Г., кој очигледно бил подготвен на се, само да им се одмазди на граѓаните на Тетово за поразот  на локалните избори.

„И на крај, ве известуваме дека за предметниот случај, општина Тетово ќе ги информира сите дипломатски претставништва на пријателските земји, пред се Вашингтон и Брисел“, додаваат во писмениот допис од општината.

20.07.2022 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега