Османи: Фокусирани сме на достоинствен прием на граѓаните од Авганистан

Денеска сме фокусирани на достоинствен прием на овие граѓани, на нивна здрав.проверка и заштита и нивно сместување во соодветните хотели кои се предвидени за оваа намена, кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи, по пристигнувањето на првата група граѓани од Авганистан.

„Целиот фокус денес ни е да ја покажеме солидарноста на дело. Наредните денови ќе се процесуираат нивните апликации, нивните конечни дестинации. Важно е сите ние, Владата, но и граѓаните да ја покажеме солидарноста за овие граѓани кои денес со насолзени очи се симнаа на овој аеродром од солзи од среќа затоа што најдоа место каде што ќе бидат безбедни најмалку во наредните 90 дена за кога имаат престојувалиште овде“, кажа Османи.

31.08.2021 - 00:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега