Османи: Меѓу пристигнатите Авганистанци, има и жена која е во 39-тата недела од бременоста

Преку Грузија, пристигнаа 149 граѓани од Авганистан, изјави вечерва од скопскиот аеродром министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој истакна дека поголемиот дел од пристигнатите бегалци се вработени (жени и деца на вработени лица) во неколку меѓународни организации, како Open Government Partnership и Транспаренси интернешнл, односно за наши сојузници и соработници.

-Првата жена што ја видовте како се симнува е бремена и таа веќе е однесена на Гинеколошката клиника во Скопје. Се наоѓа во 39-тата недела од бременоста, додаде Османи.

31.08.2021 - 00:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега