Османи: Објавата на руската амбасада е класична закана

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите кажа дека објавата на руската амбасада за евидентирање случаи на русофобија е закана.

„Објавата на руската амбасада ја гледаме како закана што е надвор од нормална дипломатска комуникација меѓу две држави. Македонија ги координира своите чекори со Европската унија и НАТО, а доколку имаме податоци за нарушување на Виенската конвенција, ќе постапиме билатерално“, вели Османи.

Владата на Руската федерација претходно го објави и списокот на страснки земји и територии кои претставуваат непријателски дејства кон нив, а на неа се наоѓа и Македонија, но и други земји како Црна Горан, Албанија, САД, Канада, Исланд, Монако, Норвешка и други.

07.03.2022 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега