Османи: Охридскиот рамковен договор го издржа тестот на времето

Како најуспешен мировен договор во регионот, Охридскиот рамковен договор го издржа тестот на времето, создадавајќи цврста општествена кохезија и чувство на припадност кон заедничката држава, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук-профил.

– Република Северна Македонија прераснува во единствената функционална мултиетничка демократија во регионот; земја пример во регионот, земја која е подготвена да биде рамноправен дел од меѓународната заедница, со сите права и обврски, нагласува Османи.

Членството во НАТО, додава тој, но и забележливиот напредок во процесот на евроинтегрирање е резултат на унапредувањето на уставниот поредок и интерната кохерентност која се постигна со Охридскиот рамковен договор.

– Токму затоа, денес, две децении подоцна, преземаме обврска да го зачуваме Духот на Охридскиот рамковен договор и да обезбедиме негово заедничко растењето и созревање со нашата заедничка држава!, напиша Османи на Фејсбук по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. 

13.08.2021 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега