Откако беше суспендирана, Русковска ќе се жали пред Советот на јавни обвинители

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која беше суспендирана од функцијата, ќе се жали пред Советот на обвинители откако републичкиот обвинител, Љубомир Јовески донесе решение со кое времено ја отстрани од функцијата, пренесе ТВ 24.

Ваквата одлука на Јовески доаѓа откако претходно тој напиша извештај во кој се констатирани неправилности при претресот што Русковска заедно со обвинителките го извршија во Управата за финансиска полиција во јули годинава под сомнение дека директорот на управата, Арафат Муареми криел предмети во фиока за кои Обвинителството на Русковска не било информирано.

Русковска за ТВ 24 потврди дека веќе го примила решението за времено отстранување од работното место.

 

 

17.08.2022 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега