Откако Врховниот суд не дозволи ново судење за „Диво насеље“, адвокатите ќе тужат во Стразбур

Одлуката на Врховниот суд да не дозволи повторување на судењето за случајот „Диво насеље“ одбраната ја смета за „флагрантно прекршување на законот“, бидејќи не се земени предвид нејзините докази, објави Алсат.

Адвокатот Насер Рауфи оценува дека со оваа одлука се отворила можноста предметите да бидат испратени до судот во Стразбур.

„Сега имаме време и временски интервал од три месеци да поднесеме барање до Судот во Стразбур за човекови права, и оваа работа ќе ја направиме. Ние како одбрана мислам дека тимски ќе одиме со апликација за сите осуденици, изјави Рауфи.

Тој додава дека со оваа одлука може да се формира тим за правна помош од меѓународната заедница.

03.01.2022 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега