Откупната цена на тутунот повисока за 10 отсто

Сите откупни компании од денеска ќе го откупуваат тутунот по повисока цена за десет проценти.

Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на средба со новинарите, оваа одлука компаниите ја донеле синоќа.

Цената на тутунот најпрво ја зголеми Тутунскиот комбинат Прилеп, а веднаш потоа и Владата излезе со дополнителна поддршка за тутунарите. Тие ќе добијат плус 20 - 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6 000 денари поддршка за хектар површина.

Како што оцени Николовски, субвенцијата би требало да достигне рекордни 100 - 110 денари, зависно од пресметките на крајот од откупот.

28.12.2023 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега