Пациентката беше немирна: Детали за ковид бегството од гостиварската болница

Пациентката која вчера побегна преку прозор од болницата во Гостивар била немирна, тврдат докторите во гостиварската болница. Иако била позитивна на Ковид, таа често излегувала од болничката соба надвор во дворот на Инфективното одделение. Дури докторите пополниле и пријава за неа но ја повлекле откако таа се согласила да се повлече назад во својата соба.
Вчера наутро, пред да и бидат дадени последните резултати кои требало да дадат конечен одговор дали ќе биде пуштена дома, таа го искористила моментот кога во болницата се делела терапија и побегнала од прозорецот во болничкиот двор.
Кратко по настанот таа е вратена на лекување во болницата.

31.08.2021 - 14:17
Фото: 
Лајм

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега