Падна дрво на патот како последица од силното невреме

Надлежните лица од „Македонија Пат“ известуваат дека како последица од силното невреме паднало дрво на патот во близина на селото Истибања. Дополнуваат, дека нивните екипи се на терен и дека ќе продолжат со интервенциите онаму каде било потребно.

„Наши екипи ќе ја следат ситуацијата и во зависност од потребите ќе продолжат со интервенции онаму каде е најпотребно“, истакнаа од „Македонија Пат”.

Инаку силното невреме, предизвика проблеми долж патниот правец М.Каменица – Кочани, каде на повеќе места се забележани одрони и претходно создаде проблеми и во Пехчевскиот регион.

28.09.2021 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега