Падна страната на Европскиот сеизмолошки центар од посетите

Нашата веб страна беше недостапна поради преголем сообраќај во исти момент а поврзано со земјотресот во Гостивар. Се извинуваме и за брзо време ќе биде во функција, соопштија од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Инаку според првичните информации земјотресот е со епицентар во селото Леуново, Општина Маврови Анови на десетина километри од Гостивар и со јачина од 4,9 степени според Рихтер.

Според коментарите пак, на Европската сеизмолошка станица, земјотресот бил почуствуван во Скопје, Тетово, Струга, Охрид, Дебар, Прилеп, Битола но и во Албанија и во Косово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 06:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега