Паднала од тротинет: 54-годишна жена итно пренесена во болница со тешки повреди

Паднала од тротинет: 54-годишна жена итно пренесена во болница со тешки повреди

54-годишна жена заврши со тешки телесни повреди откако вчера паднала со тротинет во Демир Капија.

-Вчера во 16.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од улиците „Маршал Тито“ и „11 Октомври“ во Демир Капија, 54 – годишната Е.З. од Демир Капија, управувајќи електричен тротинет изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.З. констатирани во болницата во Неготино, велат од МВР.

Увид извршиле увидна екипа од ОВР Неготино. 

07.04.2024 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега