Пандемија беснее низ цела Европа: Германија со повеќе од 12 илјади заразени- Италија воведува полициски час

 

Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 12.097 новозаболени лица, а дури 49 лица починале како резултат на инфекцијата, објави Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

Вкупно се заразени 545.027 лица, а починаа 10.530 лица, пренесува Ројтерс.

Поради големото зголемување на бројот на заболени од коронавирусот, Германија од денес воведува драстични мерки со кои владата сака да го сузбие ширењето на епидемијата.

Баровите, рестораните, културните и спортските објекти се затвораат, додека училиштата и градинките ќе останат отворени.

Само членовите на едно домаќинство или заедно со друго домаќинство, најмногу до десет лица, ќе имаат дозвола да останат заедно на јавни места.

Забранети се групни аматерски спортови, а натпревари во професионални спортови ќе се одржуваат без публика, што важи и за Бундеслигата.

Мерките ќе бидат на сила до крајот на ноември, а оваа одлука, со која значително се ограничува секојдневието, предизвика бурна реакција од граѓаните, пренесува Ројтерс.

Канцеларката Ангела Меркел рече дека владата е свесна дека бара многу од народот, но дека мора да дејствува сега.

ШВАЈЦРИЈА

Бројот на новоинфицирани со вирусот корона во Швајцарија е зголемен за 21.926 од петокот, покажуваат резултатите на швајцарските здравствени власти објавени денес.

Вкупниот број на случаи во Швајцарија и соседното кнежевство Лихтенштајн се искачи на 176.177, пренесува Ројтерс.

Бројот на смртни случаи се зголеми за 93 на 2.130, а бројот на хоспитализирани за 500, што значи дека продолжува притисокот врз единиците за интензивна нега.

РУСИЈА

Денес во Русија се регистрирани 18.257 нови случаи на ковида-19, од кои 4.796 во Москва.

Починаа238 лица, јавува агенцијата ТАС С.

Вкупно 1.655.038 лица се заразени во Русија од почетокот на пандемијата, а 23.473 починале.

БУГАРИЈА

Во Бугарија, од последниот пресек се тестирани 5.457 граѓани, а има потврдено 1.225 случаи на инфекција со вирус на корона.

Според објавените податоци на порталот coronavirus.bg, уште 19 лица починале.

Постојат 32.241 активни случаи. Хоспитализирани се 2.680 пациенти, од кои 169 се на интензивна нега, пренесува агенцијата БТА.

Вкупно се заразени 54.069 лица, а починаа 1.298 лица.

Иралија

Италијанскиот премиер Џузепе Конте предложи затворање на областите во кој пандемијата е на критично ниво, како и затворање на границите помеѓу регионите, како обид за запирање на есенскиот бран на пандемијата. Германија воведе драстични мерки со важност до крајот на ноември, што предизвика бурна реакција од граѓаните. Целта е да се намали бројот на нови случаи до Божик, и притоа економијата да функционира, а училиштата и градинките да останат отворени.

Полска

Двојна плата за медицинскиот персонал во Полска, шпанските гробари бараат припомош

Полската влада најави зголемување на платите за 100 отсто на лекарите и на медицинскиот персонал вклучен во борбата против пандемијата. Премиерот Матеуш Моравјецки нагласи дека до крајот на следната недела болниците треба да располагаат со 32.000 кревети за пациенти со ковид-19, тројно повеќе отколку што беше потребно пред еден месец.

Шпанија

Во Шпанија, пак, завчера штрајк одржаа вработените во погребалната служба во Мадрид, со барање за поголем број вработени заради очекуваниот пораст на смртните случаи од коронавирусот при есенскиот бран на пандемијата. Кога Мадрид беше на удар на пролетниот бран на пандемијата, за погреб се чекаше пет до шест дена, а кремирањата беа префрлени во градови оддалечени стотици километри.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.11.2020 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега