Пановски: Не постои друга држава што користи серитификат за прележаност до 45 дена – ќе одговараат за ова

Микробиологот д-р Никола Пановски вели дека ниту една држава не користи сертификат за прележаност на Ковид-19 само по првите 45 дена. Тој во гостувањето на Канал 5 рече дека доколку здравствените власти не ги тргнат од употреба ваквите сертификати, ќе мора да одговараат на суд.

-Вакцината не штити ни шест месеци, бидејќи имаме и порано случаи на инфекција. Зошто не ги сметаат тие (вакцинирани) во Србија? Зошто ги игнорираат? Единствена земја сме со ова за 45 дена. Не постои друга, затоа велам, ќе одговара некој. Не може да се повикаат на никого, вели д-р Пановски.

Појаснува дека најважно е што вакцините штитат од смртни случаи за 10 до 20 пати, но и оти е штетно присилно да се тераат оние кои што прележале веднаш да се вакцинираат.

-Треба да се вакцинираат. Важно е дека треба да се почитува вакцината и да се дава таму кадешто е потребно, да не им се дава материјал на антиваксерите. Никако, ама никако да не се вакцинираат тие што сега се во болница во следните шест месеци. Не присилно, ако сакаат нека се вакцинираат. Тоа е грешно, ненаучно. Природниот имунитет е посилен, не апелирам природно да прележуваат, меѓутоа, кога веќе го добиле тие се позаштитени. И голема грешка е ако не се тргне ова за 45 дена. Ќе одговараат судски, ако на некој нешто му се случи, вели д-р Пановски, додавајќи дека вакцините треба да се даваат кај оние коишто се водат за критични.  

31.08.2021 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега