Пауновски: Полуголи вежбаа јога во 23 часот- Затворено студио во Скопје

Не само усгостителските објекти, туку и јога студио не ги почитувало протоколите препишани од Владата.

Синоќа, во центарот на Скопје, инспекторите и полицијата влегле во јога студио каде имало повеќе од 25 лица што полуголи вежбале јога и го затвориле студиото, тврди за Слободен печат директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски

– Полицијата ги избрка од јога студиото. Тие си мислеле дека може да работат до 24 часот, но јасно е со мерките и препораките за заштита во време на пандемија дека тоа не е така, рекол Пауновски.

Сопствениците претходно, трипати биле предупредувани дека не смеат да ги прекршуваат мерите за заштита од коронавирус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2020 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега