Пауновски: Со исклучени светла се криеле од инспекторите- затворени четири објекти

Инспекциите во Скопје вчера затвориле четири објекти – три локали кои работеле по 21 часот, а интервенирано е и во јога-студио каде што казната не е за пречекорување на работното време, туку за групирање повеќе луѓе на едно место.

 

Како што денеска соопшти, Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат, трите угосителски објекти биле фатени дека работат во 23, 23.30 часот и на полноќ, а кај еден имало и кинење на претхофно поставената пломба пред да истече законскиот рок.

– Станува збор за објект во Чаир, кој повторно е затворен, направен е записник и поднесена е кривична пријава за кинење службен печат од институција – рече Пауновски.

Според директорот на пазарата инспекција, голем број угостителски објекти низ цела земја не ги почитуваат мерките и работат после дозволеното време. Тој раскажува дека има ситуации каде објектите се заклучуваат, се гаси светлото и гостите седат во мрак, а притоа се служат пијалоци и храна.

Пауновски вели дека проблеми имаат и со асистенцијата од некои полициски екипи кои во одделни случаи ги штитат сопствениците на локалите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2020 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега