Пендаровски: Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации

Истражувачкото новинарство и унапредувањето на транспарентноста позитивно влијаат врз демократиите и одржливиот развој. Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации особено за време на тековната #Ковид19 пандемија, порача претседателот на државата Стево Пендаровски по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

– Овогодинешната тема на Светскиот ден на слободата на медиумите „Информациите како јавно добро” е повик за афирмирање на важноста за негување на информациите како јавно добро. Да ги поддржиме и заштитиме медиумските права и слободи од политички пристисоци и влијанија. Институциите се должни да создадат демократска атмосфера за остварување на професионално новинарство. Тоа е нужно за да имаме медиумска етика и информирано јавно мислење, објави на својот Фејсбук профил Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2021 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега