Пендаровски: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ воспостави комуникација

Добро е што по девет месеци некомуницирање, се воспостави комуникација со институцијата претседател на Република Северна Македонија, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, кој толку многу недостасува во нашата земја, изјави за Дојче веле  претседателот на државата Стево Пендаровски, откако на вчерашниот брифинг во ВМРО-ДПМНЕ беше соопштено дека  партијата ја одмрзнува комуникацијата со шефот на државата.

По телефонски разговор, на барање на партискиот претседател Христијан Мицкоски, утре ќе се одржи средба помеѓу него и претседателот Стево Пендаровски.

Мицкоски последен пат беше на средба со претседателот на  13 август 2020 година заедно со дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кога најави замрзнување на односите и комуникацијата со шефот на државата.

Повод за таквата одлука на партијата беше незадоволството што Пендаровски му го даде мандатот за состав на нова влада на Зоран Заев, без претходно да добие уверување за оформено парламентарно мнозинство од 61 пратеник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2021 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега