Пендаровски му порача на Заев: Нема што да бараш од Софија додека не направи влада

Сѐ додека Бугарија не направи политичка Влада и не конституира Парламент кој ќе има мандат од четири години, ние нема што да бараме од Софија, изјави попладнево претседателот Стево Пендаровски на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“. 

– Моја препорака до Владата е да се задржи до секторските, акциските соработки и воопшто да не се обидува сега, во овој период, или во наредниот, ако немаат шанса да направат Влада, да направи пробив по тие прашања – рече Пендаровски.

Во однос на обвинувањата од опозицијата дека Владата го распродава државниот идентитет, Пендаровски, повикувајќи се на она што му го кажал премиерот, рече дека такво нешто, нема.

– Не можам да шпекулирам дали тоа се случувало. Можам да ви кажам само што премиерот ми кажа дека е разговарано. Од сѐ што мене премиерот ми го кажа, нема такво нешто, ниту пишано, ниту вербално. Тоа е она што го знам – рече Пендаровски.

26.06.2021 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега