Пендаровски: Му симнувам капа на Вучиќ, во сѐ е подобар

Претседателот Стево Пендаровски вели дека со сите балкански претседатели може да се споредува во сѐ, освен со српскиот колега Александар Вучиќ, бидејќи, како што рече, тој бил подобар во сѐ.

-На секој балкански претседател му излегувам на мегдан, со Александар Вучиќ не можам, еве му признавам. Во сѐ е подобар од пруги до вакцини. Со Александар Вучиќ еве капа долу. Во таа дисциплина во која тој се натпреварува јас објективно нема што да барам, не можам со него да се споредам. Со сите претседатели можам, ама со Вучиќ не, за вакцините и за автопатот, рече Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.04.2021 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега