Пендаровски: Прифаќам дебата со сите седум кандидати било каде и под било какви услови


Како кандидат за претседател во секое време прифаќам да има политички дебати со моите противкандидати, но како што се изјаснив пред почетокот на кампањата, инсистирам во дебатите да бидат вклучени сите седум претседателски кандидати потврдени од Државната изборна комисија, истакна кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Токму затоа, прв предложив да се одржат 2 големи, т.н. мастер дебати, една на почетокот на кампањата и една пред првиот круг на гласање. Дебатите беше планирано да се реализираат на неутрален терен, а пренос од истите да вршат сите национални телевизии. На дебатите седумтемина кандидати ќе имаа подеднакви услови да ја презентираат својата програма за работа.

Досега, во поканите кои ги добивме од медиумите за учество на тв дебата, немав добиено информација дека сите седум кандидати ќе бидат учесници на некоја од предвидените дебати“, посочи Пендаровски. 

 

12.04.2024 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега