Пенов: СДСМ во Куманово загуби со СДСМ-овски гласови

Ристо Пенов, кој е нов министер за локална самоуправа на Македонија, зборуваше во „Само Интервју“ за одлуката на ЛДП да оди во коалиција со ДОМ на последните локални избори.

Пенов вели дека ЛДП „одиграла лошо“ на локалните избори, а притоа кажа дека поразот на СДСМ не е главна вина кај ЛДП.

„Поразот на СДСМ на локално ниво не е главна вина кај ЛДП, зашто СДСМ на избори влезе онака и си ги фрли изборите, односно со СДСМ-овски гласови загуби во Куманово. Мене ми изгледаше дека Заев бараше само повод да си замине“, вели Пенов.

03.11.2022 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега