Пензионерите бараат усогласување на пензиите со растот на просечната плата и трошоците на живот

Пензионерите бараат пензиите да се усогласат со растот на просечната плата и со трошоците на живот. Партијата на пензионире донесе одлука да иницира отпонување со реализација на премиерот Заев за усогласување на пензиите уште од први јануари.

Партијата на пензионери, во текот на изборната кампања за локалните избори во октомври о.г., во рамки на коалицијата предводена од СДСМ, се избори Премиерот Заев да го прифати предлогот пензиите освен со порастот на трошоците на живот и порастот на БДП, да се усогласуваат (зголемуваат) сразмерно и со порастот на просечната плата во земјата. Очекувањата на пензионерите во земјата се ветувањето да биде исполнето. Поради тоа ПП, иако актуелните политички околности во земјата се усложнуваат, завзема став одлучно и веднаш да се заложи за реализирање на предлогот и донесување на потребната измена во Законот за ПИО. Реализирањето на оваа заложба за ПП е факт кој ќе го дефинира заклучокот како е третирана во рамки на владеечката коалиција и колку сериозно се пристапува кон реализирање на заеднички договорените пензиски политики.Партија на пензионери не ја условува и нема да ја доведува во прашање соработката по стратешките определби на земјата во рамки на коалицијата, но нема да отстапи од програмските цели за подобрување на материјално-социјалниот статус на пензионерите и спречување на маргинализација и дискриминација заради возраст, дотолку повеќе што реализирањето на ваквото усогласување на пензиите е враќање на веќе стекнати права кои не ја нарушуваат стабилноста на Пензискиот фонд, се вели во дописот од партијата.

 

13.11.2021 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега