Пет мажи и една жена завршија во притвор откако претепале семејство во Скопје
Основното јавно обвинитечство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица – петмина мажи и една жена, за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Постои основано сомнение дека лицата на возраст од 19 до 42 години, на 12 ноември, влегле во куќата на едно оштетено лице на улицата „Морава“ и во група извршиле грубо насилство. Со употреба на секири, ножеви, рачки од секири и други тврди предмети започнале да ја демолираат куќата, а на едно од присутните лица во домот му нанеле убодна рана со нож. Физички ги нападнале и другите присутни во домот, со тупаници, клоци и тврди предмети, нанесувајќи им телесни повреди и предизвикувајќи чувство на несигурност и страв.
За сите осомничени јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлози за определување мерка притвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа