Петиција за потпишување на Прогласот за заштита на македонскиот јазик и книжевност

Вечерва е отворена е-форма преку којашто може да се потпише Прогласот за заштита на македонскиот јазик и книжевност. Истиот можете да го потпишете тука.

По објавувањето на Унилатералната изјава на Република Северна Македонија приложена кон записникот од првата политичка МВК, во којашто се изоставени значајните научни факти за историјата и континуитетот на македонскиот јазик и книжевност, а едновремено се изнесуваат научно неточни тврдења за македонскиот јазик, млади македонисти денеска споделија дека се должни да застанат во одбрана на научната вистина и македонистиката и да не дозволат отпочнување етапа на самонегирачки процес, со политички акт во којшто не се земени предвид научно потврдените сознанија и заклучоци ниту на македонската, ниту на светската филологија.

20.07.2022 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега