Петнаесетгодишното девојче што почина од Ковид 19 од болницата во Тетово било префрлено во Козле

Петнаесетгодишно девојче почина од Ковид 19 на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје. Од тетовската болница велат дека пред околу една недела девојчето дошло кај нив во тешка клиничка состојба и поради возраста веднаш било препратено во болницата во Козле во Скопје.

Засега тие немаат информации дали малолетничката имала некакви коморбидитети, но била со зголемена телесна тежина и затоа веднаш била препратена во клиниката во Козле од каде што ја префрлиле на инфективната клиника.

 

01.09.2021 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега