Петок неработен ден - пред нас продожен викенд

Првиот ден на Божик – 7 јануари (петок), според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, неработниот ден е прогласен согласно Законот за празниците.

Со тоа се добива еден продолжен викенд уште со самиот почеток на годината.

Од Министерството за труд и социјална политика им го честитаат Божик на граѓаните од православната вероисповед.

До крајот на годината после Божиќ ќе и останат уште 6 споени викенди.

Ова се неработните денови за сите граѓани во Македонија до крајот а 2022 година:

За сите граѓани на РМ

01 јануари (сабота), Нова Година,

07 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

01 мај (недела), Ден на трудот, односно  02 мај (понеделник) е неработен ден,

25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам,  првиот ден на Рамазан Бајрам,

24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

02 август (вторник), Ден на Републиката,

8 септември (четврток), Ден на независноста,

11 октомври (вторник), Ден на народното востание,

23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,

8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик,

19 јануари (среда), Богојавление (Водици),

22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

18 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,

25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,

 За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (четврток), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.  

05.01.2022 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега