Петровска: Организацијата за резервни офицери е пример за модерно дејствување

„Јубилеите не ги означуваат и одбележуваат годините сами по себе, туку сите генерации, личности, спроведени активности и и реализирани цели преку кои се оформува и развива една идеја. Идеја што извира од љубовта кон татковината, како израз на чист патриотизам и стремеж за градење на општество на мир и благосостојба“, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната свечена академија по повод одбележувањето на јубилејот „70 години од основањето на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија“, која се одржа во Домот на Армијата во Скопје во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, високи претставници од законодавната и извршната власт и членови на Организацијата.

Петровска по повод денешниот Јубилеј упати честитки до членовите на организацијата на резервни офицери за својот придонес во градењето на слободна и независна држава, негувајќи ја слободарската и мирољубивата традиција што не обединува сите нас.

„Затоа во Армијата сè вклучени сите заедници, обединети во едно, се со цел да се гради вистински патриотизам. Најсигурниот начин да се обезбедиме од опасностите од конфликтите ќе биде со нашата колективна сплотеност, по сите прашања и во сите нешта што се однесуваат на секојдневниот живот од економската, политичката, воената и сите останати општествени сфери од живеењето. Организацијата за резервни офицери е пример за модерно дејствување и промотор за евроатлантските вредности и современото разбирање за улогата во општеството “, додаде Петровска.

29.04.2022 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега