Петрушевски: Власта молчи на навредливи изјави од Бугарија кон Македонците

„Апсолутно требаше многу одамна на Џамбаски да не му се дозволува влез во Република Македонија и тоа е државнички однос на една власт на дело со механизмите кои ги има од власта да делува, а вака се остава простор и временски период во кои се разгоруваат страстите во Република Македонија и Бугарија и се создава плодно тло за инциденти кои можеби ги најавуаат нашите министри и премиерот во делот на чествувањата за Гоце Делчев“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека ова е само демонстрација за тоа каков пат односно ќорсокак не очекува во нашите евроинтеграции согласно политиките на СДСМ.

„Спасовски, Османи и Ковачевски мора да се свесни дека молчењето на изјави како случајот со Османи во Софија кога до него стоеше министерот за надворешни работи на Бугарија и ги навредуваше чувствата на Македонците и тој не изреагира туку премолчи и непревземањето на активности кои ги дозволува и треба да ги употребиш како власт доведува само до зголемување на инцидентите“, рече Петрушевски.

Петрушевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ предупредувала во континуитет и апострофирала дека давањето на алатка во рацете на Бугарија со која ќе може да го блокира евроатлански европски пат на Македонија ја носи во ќорсокак.

 

„Проблем со Бугарија настана од моментот кога се потпиша тој бугарски договор кој на јавноста и беше презентиран дека се решени сите проблеми со соседите. Напротив ние никогаш не сме биле во полоши односи со Бугарија од тоа што сме денес“, дециден е Петрушевски.

25.01.2023 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега