Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари

 Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска информираше дека ќе се зголемат платите на вработените во општината за 2800 денари. Во моментот со постојан работен однос се 340 луѓе, а дополнителен товар на општинскиот буџет ќе биде околу еден милион и 200 илјади денари.

Општина Тетово во интерес на унапредување на работничките права поголема мотивација за работа на вработените особено сега во услови на економска криза и постојан раст на трошоците за живот потпиша измени на колективниот договор во кој се врши лиенарно зголемување на платите од 2800 денари. Усогласувањето се врши за сите вработени во општината освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минималната плата. Им излегуваме во пресрет на вработените и нивните барања за подостоинствен живот во ова кризно време со кое сите се соочуваме. Со мотивирани и вреднувани вработени создаваме еден работен процес кој резултира со ефикасни, подобри и поквалитетни услуги за сите граѓани, изјави Касами на прес-конференција.

Според него, Општината иако има големи долгови ќе може да исплаќа зголемени плати затоа што има повеќе наплата на даноци.

-Сме во фаза на реконструирање на општинската администарција, преку која ќе обезбедиме поквалитетни улсуги за граѓани. Ќе имаме помотивирани граѓани кои ќе бидат поспремни да ги реализираат своите обврските кон градот. Рековме дека општинскиот долг е голем но и истотака и побарувањата по основ на разни даноците во општината не беа реализирани. Затоа веќе сме во фаза во која граѓаните се поефикасни во делот на плаќање на обврските кон општината и преку тоа ќе обезбедиме средства за плаќање на платите на вработените и на зголемување на платите, изјави Касами.

Вработените во Општина Тетово деновиве се приклучија на штрајкот организиран од ССМ барајќи зголемување на платите од 2806 денари.

24.06.2022 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега