Плинот ќе биде уште поскап - се исплати ли да возите на плин?

Цената на плинот кој го користиме во автомобилите драстично се зголемува. За само неколку месеци од 29 денари за литар цената скокна на околу 40 денари колку што чини денеска. Причина за тоа се движењата на цените на гасот во светските берзи. А вестите кои доаѓаат од таму не се воопшто оптимистички. 

Цената на гасот во Европа денеска, првпат во историјата, се искачи на илјада долари за илјада кубни метри гас.
Гасот што треба да се испорача во октомври на холандската берза денеска се тргуваше за 1.031,3 долари за 1.000 кубни метри, што е пораст од над 11 проценти за еден ден.

Директорот на природни ресурси и артикли во компанијата Фич, Дмитриј Мариченко изјави дека е можен понатамошен раст на цената на гасот ако зимата биде многу студена и ако има дефицит во понудата.

Најголем тест и за цената на гасот и за потрошувачите ќе биде зимата. Ако времето е студено, а имаме физички недостиг на гас, цените би можеле да бидат повисоки – истакна Маринченко.

Тој додаде дека растот на цената на гасот е и рефлексија на актуелната конкуренција помеѓу европските и азиските купувачи на течниот природен гас, малите резерви во европските капацитети за складирање гас и недоволното зголемување на испораките на најголемите снабдувачи на гас во Европа, пред се „Газпром“.

28.09.2021 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега