По 2.000 евра казна за 30 скопјани кои не почитувале полициски час

Против 30 лица осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози.

Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

За сите нив надлежен јавен обвинител предложи парични казни од по 100 дневни глоби, при што поединечната вредност на дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега