Подгответе се: Познато кои места утре ќе бидат без вода

Дебар и селата Долно Косоврасти и Рајчица кои со вода се снабдуваат од водоводот Росоки – Дебар утре од 8 до 22 часот ќе бидат без вода.

 

Прекинот е поради продолжување на проектот за замена на старите вентили, поставени во 1987 година, кога е  изграден водоводот.

Вкупно треба да се заменат 66 вентили, а досега, во четири наврати, на 25 ноември, на 23 февруари, на 16, 22 и 28 март е извршена замена на 44 воздушни и испустни вентили од каптажата па долж цевководот.

Проектот се реализира со средства од буџетот на општина Дебар, а работите ги изведува  фирмата СмС холдинг –  Скопје, заедно со вработените на Јавното комунално претпрјатие „Стандард“,  кое стопанисува со водоводот. 

29.03.2022 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега