Полицијата пресече меѓународен транспорт на дрога – запленети 100 килограми марихуана, уапсен Бугарин (ВИДЕО)

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на дрога, при што запленети се 100 килограми марихуана, а уапсен е и 48-годишен државјанин на Бугарија.

-Имено, во периодот од  20.00 до 23.00 часот на Граничен премин Ново Село, на излез од Република Северна Македонија, од страна на полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со припадници од Царинската управа, при преглед на товарно возило „МАН“, со бугарски национални ознаки, управувано од бугарскиот државјанин А.К.К., била пронајдени 102 пакувања наркотичната дрога марихуана, скриени во специјално направен бункер во горниот дел од кабината на возилото, односно околу 100 килограми дрога, изјави денеска портпаролката на МВР, Сузана Прањиќ.

 

Дрогата е предадена за понатамошна постапка, а на уапсениот ќе му биде поднесена кривична пријава во Основото јавно обвинителство, Струмица.

-Со ова е спречен уште еден обид за меѓународен транспорт на дрога, а последната акција на  нашата полиција е уште доказ повеќе дека безкомпромисната борба против криминалот  продолжува, рече Прањиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2020 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега