Попов: Проблемот во Град Скопје не е во Славески, туку во Арсовска

„Ако не зборувавме тој ден за микрофонот, таа ќе требаше да одговара на советнички прашања. Госпоѓата Јанчева имаше советнички прашања одговор не доби, втор требаше да биде советник од СДСМ Гордан Шутаров одговор не доби, бидејќи градоначалничката одлучи да се озвучи, да влезе во салата, да се расправа на теми кои што не се тема за Совет на Град Скопје и да зборува за се освен за тоа што имавме да ја прашаме ние советниците, а ние советниците прашањата ги поставуваме затоа што граѓаните ги поставуваат прашањата“, истакна Сергеј Попов советник во Градот Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој смета дека дојдено е времето во Македонија за дискусија на тоа прашање односно да се најде начин освен оставка на градоначалникот, да се отповика истиот од повеќе причини. ЗА ситуацијата која следи во советот Попов посочи:

„Јас не сакам да дојдеме во таа ситуација, јас сакам и сега да се усвои ребалансот, потоа да се усвои и буџетот и завршната сметка, бидејќи тоа е во интерес на народот на градот Скопје. Како советничка група секогаш ќе дејствуваме во насока на тоа одлуките да се носат во градот Скопје, да нема недонесени одлуки, да нема не одржани седници, меѓутоа апелирам и до градоначалничката кога ќе дојдат седниците и за буџет и за ребаланс на буџет, кога некој советник сосема оправдано ќе постави некакво прашање или ќе даде предлог или ќе поднесе амандман тој советник да не биде омаловажен од градоначалничката, да не биде наречен советниче бидејќи тој не е советниче, тој е советник кој го гласале илјадници луѓе, да не вика дека ни се тресат рацете и најважно да не го бара шпицниот“, вели тој.

За довербата на градоначалничката и поддршката од советниците во градот Скопје, Попов потенцираше:

„Покрај тоа што таа ја изневери довербата дадена од партијата ВМРО-ДПМНЕ за програмата Модерно Скопје, таа ја изневерува и довербата дадена од стотина илјади граѓани на Скопје. Таа во рамки на советот има поддршка на ниво на статистичка грешка од еден советник за најголем дел од одлуките, да не биде скарана со еден милион скопјани бидејќи тие 45 советника внатре ги застапуваат еден милион скопјани, туку да почне да соработува со сите еден милион скопјани претставени од тие 45 луѓе“, кажа Попов.

 
За интересите на граѓаните во градот, тој посочи дека мнозинството во советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ е на располагање. Ги посочи примерите со ЈСП, средбите со синдикатите кои беа примени од претседателот на советот Трајко Славески и повторно ја реафирмираше позицијата на мнозинството дека е секогаш на располагање и ќе продолжи да ги брани нивните интереси.
 
„Не знам дали е проблемот во Славески, судејќи дека се скара со опозициската партија во државата, дека моментално активно се кара со синдикатите, дека е скарана со вработените, дека е скарана со раководителите, замениците раководители, па ете како што одел редот скарана е и со претседателот Славески не мислам дека промена на позицијата претседател би ги решила работите, туку промена на позицијата градоначалник“, рече тој.
10.11.2022 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега