Поставил рампа кај Бит Пазар и наплаќал паркинг на државно земјиште - кривична за скопјанец

 

62-годишен скопјанец узурпирал државно земјиште кај Бит Пазар, поставил рампа и наплаќал паркинг. СВР Скопје му поднесе кривична пријава на А.Р. И на неговата компанија.

-Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело  „узурпација на недвижности“ од чл.225 од КЗ на РСМ, затоа што А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице. А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади  поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува  градежно неизградено земјиште  во општа употреба во сопственост на државата,   противзаконски  го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез- излез на  предметното земјиште, каде што за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ, велат од МВР. 

За кривичното дело „узурпација на недвоижности“ законот предвидел парична казна или казна затвор до максимум три години. За правното лице, односно за фирмата може да се изрече парична казна.

 

28.03.2024 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега