Посвежо денеска и утре: Од вторник УХМР најавува промена

 Малку посвежо време ќе преовладува денеска и утре во земјава. Синоптичарите најавуваат пониски температури за некоj степен.

Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје слично време со утринска температура до 17 степени и дневна до 36 степени.

Веќе од вторник повторно ќе биде многу топло со пораст на дневните температури до 40 степен. Најтопло ќе биде во четврток кога, според најавите, максималната температура ќе се движи од 33 до 41 степен. Од средина на неделата ќе има услови за краткотрајна попладневна изолирана нестабилност. 

27.06.2021 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега