Повлекување од малциски претензии кон Бугарија, рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам: Познати се барањата на официјална Софија

Бугарското МНР ги соопшти темите кои биле дискутирани на средбата меѓу премиерот на Македонија, Зоран Заев и бугарските претседател и премиер, Румен Радев и Стефан Јанев.

Во соопштението се вели дека Македонија изразила подготвеност да ги исполни следниве обврски:

-      -

Скопје што побрзо да потврди до ООН, во согласност со чл. 11 ст. 3 од Договорот за добрососедство дека краткото и долгото име на земјата се однесуваат само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не на географскиот регион „Северна Македонија“, чиј дел се наоѓа во рамките на суверените граници на Бугарија. По испраќањето на оваа вербална белешка, Бугарија веднаш ќе престане да инсистира на употреба само на долгото име „Република Северна Македонија“ во ЕУ и во меѓународните организации;

-      -

Република Северна Македонија конечно да ги повлече своите малцински претензии кон Бугарија, потврдувајќи дека не постојат историски, етнички и други основи за барање статус на малцинство за која било група на луѓе кои не се нејзини државјани на територијата на Република Бугарија. Ова би било во согласност со клаузулата за немешање во внатрешните работи на Бугарија, утврдена во чл. 11 ст. 5 од договорот од 2017 година;

-      -

Република Северна Македонија да започне процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам, репресирани на нејзината територија поради нивната бугарска самосвест. Овој историски гест од страна на Република Северна Македонија во пракса би го одразувал нашиот заеднички европски цивилизациски избор;

-      -Република Северна Македонија да ја прилагоди со Бугарија содржината на нејзините наставни програми, со цел објективно да ја рефлектира нашата заедничка историја, поставена како централен елемент во преамбулата и од Договорот за добрососедство, како и со цел елиминирање на образовните содржини што поттикнуваат омраза кон Бугарија (чл. 11 ст. 6);

-      -

Идентификување заедно со Бугарија и отстранување на знаци и натписи на територијата на Република Северна Македонија, што предизвикуваат омраза кон Бугарија и Бугарите.

Во дописот од официјална Софија се вели дека Бугарија била принудена да ја одложи поддршката за почеток на преговорите на Македонија.

-На истиот состанок, Бугарија даде позитивна оценка за достигнувањата на Република Албанија во реформскиот процес и рече „да“ за усвојување на нејзината рамка за преговори. Позицијата на нашата земја за европската перспектива на нашиот близок сосед, Република Северна Македонија, е конзистентна и јасна. Тоа е во согласност со нашето убедување дека политиката на проширување на ЕУ треба да се заснова на исполнување на критериумите од Копенхаген за членство во Унијата и принципите на сопствените заслуг, се вели во соопштението.

Бугарската страна продолжува да се држи до сигурни гаранции дека нашите фундаментални интереси нема да бидат нарушени. Мора да се запре практиката на газење на правата на луѓето со бугарски идентитет во Република Северна Македонија. Ние ссме фокусирани нанаоѓање прагматични, одржливи и взаемно прифатливи решенија за предизвиците наследени од минатото. Софија ја потврдува својата желба да продолжи со истражувачки консултации и сите други потребни форми на билатерални преговори со Скопје. Се приближуваме конструктивно и со добра волја, но очекуваме Република Северна Македонија да продолжи со практично спроведување на преземените обврски на високо ниво.

Без оглед на предизвиците, Република Бугарија и Република Северна Македонија треба да развијат целосни, искрени, предвидливи соседски односи во сите области. Нашата земја даде безброј докази за својата подготвеност за ова. Ефективната имплементација на Договорот треба да биде еден од критериумите за пристапување кон рамката за преговори за Република Северна Македонија. Ова е внатрешен процес за ЕУ. Исто така, отворениот пристап што го демонстрираше Република Северна Македонија на оваа тема, вклучувајќи го и усвојувањето на критериумите, е за поздравување. Бугарската страна изразува подготвеност за конструктивен дијалог за време на претстојното словенечко претседателство, како и за време на следните претседателства на Советот на ЕУ, со цел да се постигнат реални и одржливи резултати во процесот на проширување на ЕУ со Западен Балкан, велат од бугарското МНР.

25.06.2021 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега