Пожар во планината над штипското село Драгоево

 Горат сува трева и ниско стеблести растенија над штипското село Драгоево. Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов за МИА вели дека дојавата за пожар ја добииле пред 45 минути, една екипа на Противпожарната единица е пратена на терен за интервенција.

-Нашата екипа е веќе на терен, но теренот е непристапен и пожарникарите не можат да пристигнат до локацијата, за да се спречи неговото ширење. Побарано е од страна на месното население, кое го знае теренот да се пристапи до локацијата, изјави Атанасов.

Екипата кога ќе пристигне до самиот пожар треба да направи проценка дали е потребно да се анагжираат и други пожарникари, но и останатите сили. Засега според проценките станува збор за пожар со помали размери. 

08.08.2021 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега