Пожар во Тетово: Изгоре објект каде што живееле бездомници

Пожарникарите во Тетово се бореа два часа со пожар во објект во близина на автобуската станица.

Истиот бл пријавен во 14 часот, додека бил локализиран два часа подоцна, односно нешто по 16 часот, откако интервенирале 10 пожарникар и четири возила.

– Интервениравме во голем објект налик на фабричка хала. За среќа нема повредени, а се плашевме од настрадани затоа што кога стигнавме таму ни кажаа дека бездомници кои питачат престојувале во објектот бидејќи халата била напуштена.  Објектот е во близина на автобуската станица, каде има и други станбени и деловни простории, па се боревме огнот да не се пренесе во друг правец, изјави Ука Алити, командант на тетовската пожарна.

27.04.2022 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега